Здружението на пчеларите „Братство“ на средба со градоначалникот Марјан Ристески

6779-zdruzenieto-na-pcelarite-bratstvo-na-sredba-so-gradonacalnikot-marjan-risteski-960x600-8 Општина Прилеп денеска ја посетија претставници од здружението на пчелари „Братство“ кои остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески. Претставниците го поканија градоначалникот на празникот Благовец кој е нивни заштитен празник.

6779-zdruzenieto-na-pcelarite-bratstvo-na-sredba-so-gradonacalnikot-marjan-risteski-960x600-1

„По повод денот на пчеларите – Благовец, пчеларското друштво од Прилеп се присутни во мојата канцеларија да ме поканат мене како градоначалник, локалната самоуправа и сите добронамерници на 7-ми Април во н.м Лениште зедно да го одбележиме овој празник. Локалната самоуправа има одлична соработка со прилепските медари, а производството на мед има значителен удел во локалната економија зашто голем е бројот на семејствата кои одгледуваат пчели и живеат од производството на мед“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

6779-zdruzenieto-na-pcelarite-bratstvo-na-sredba-so-gradonacalnikot-marjan-risteski-960x600-2

6779-zdruzenieto-na-pcelarite-bratstvo-na-sredba-so-gradonacalnikot-marjan-risteski-960x600-3

Според претседателот на прилепското здружение на пчелари „Братство“, Дејан Бошкоски овој празник го празниваме веќе 17-та година по ред, а нашата цел е да се претстават големите предности на пчелните производи во исхраната“, посочи Бошкоски.

6779-zdruzenieto-na-pcelarite-bratstvo-na-sredba-so-gradonacalnikot-marjan-risteski-960x600-4

Марјан Петрески кој е домаќин на овогодинешниот празник „Благовец“ ги покани сите пчелари да повелат на Благовец.

Многу е битно да ги потсетиме граѓаните и да им објасниме колку се големи хранливите, но и лековитите својства на медот и на пчелните производи за нивната употреба да се зголеми во исхраната посочуваат пчеларите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.