Денешниот ден 7-ми Април е Светски ден на здравјето и здравствените служби. Здравствените работници во ресторанот „Сонце Га“ ги поздрави градоначалникот Марјан Ристески кој им посака многу здравје, среќа и бериќет. 7-ми април, Светскиот ден на здравјето, е една од најдобрите прилики да се зголеми свеста за глобалните здравствени приоритети. Темата го нагласува значењето на обезбедување на спремноста и прилагоденоста на здравствените капацитети да одговорат на опасностите и да им пружат помош на оние лица кои се дирекно загрозени, како и на околните заедници.
Според директорот на прилепската болница Петар Ристески истакна дека во изминатиов период болницата „Борка Талески“ вродила многу успеси, набавена е нова опрема, нова апаратура, направени се нови вработувања, а и во иднина ќе бидат направени многу нови инвестиции за што поквалитетно здравство.
Здравствените капацитети ги вклучуваат сите објекти и простории во кои се пружаат здравствените услуги, од високоспецијализираните болници на терциерно ниво, па до здравствените домови на примарни ниво.