“Компанијата Комфи Ангел продолжува со зголемување на платите и оваа 2017 година. Покачување добијаа сите вработени подеднакво.
Во 2017 продолжуваме и со лотаријата. Овој месец среќниот добитник на 41 350 денари е Горан Андоновски.
Воедно беа доделени и 28 признанија и награди за несебично вложениот труд на најдобрите работници во 2016 година со вкупен износ од 74 000 денари.
Истовремено ја користиме оваа прилика да им ја честитаме Стара Нова Година на сите граѓани на Македонија, а на нашата вработена Јулијана Вандеска која што имаше најмногу среќа и ја пронајде паричката во “Комфи Ангел” и посакуваме многу здравје, среќа и безброј весели моменти во новата година”, стои во известувањето на фан страната на компанијата на Фејсбук.