За Шекеринска биле луѓе кои тераат политика, а тие ја “избркаа” од гpoбот на Гоце Делчев со “Никогаш Северна, само Македонија” (Видео)

„Комити“ и „Војводи“ скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ пред давање на изјава на Радмила Шекеринска за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

На денешното одбележување на 117-годишнината од cмpтта на Гоце Делчев во црквата Св. Спас, вицепремиерката Радмила Шекеринска се откажа од изјава за медиумите, откако голема група граѓани почна да скандира “Никогаш Северна, само Македонија”.

Шекеринска им рече на медиумите да се договорат за изјава нахнадно, бидејќи тука имало луѓе кои дошле да бркаат политика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.