За шампионот шампионски шпалир: Учениците од ООУ “Kлимент Охридски” Прилеп спектакуларно го дочекаа нивниот другар Вања (Видео)

Вања Ѓорѓиоски, ученик во ООУ “Климент Охридски” Прилеп, учествуваше на Светското финале на натпреварот по англиски јазик “Хипо”, кое од 28-30 септември се одржа во Рим, Италија.

Вања се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам…. и многу други.

Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.

Денеска Вања пристигна во своето училиште, каде го пречекаа сите ученици со шампионски шпалир. Учениците од сите генерации го извикуваа неговото име, а Вања срамежливо помина поздравувајќи ги своите другарчиња.

Екипата на Маркукуле му посакува на Вања уште поголеми успеси во иднина, а на ООУ “Климент Охридски” им посакуваме да станат расадник на вакви талентирани и вредни ученици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.