За три месеци дури 521 развод во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379 живородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2022 година бележи намалување од 33.4 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година и изнесува 4 760 умрени лица, а од нив 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови.

Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.

Извор: stat.gov.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.