Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, денеска се искачи на Саат кулата и напиша дека прилепската Саат кула отчукувала за нова победа и нова иднина
“Прилепе мој, заедно #Можеме уште повеќе, уште подобро!”, напиша Талевски.
На Саат кулата во Прилеп пишува:
„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика …”Ах”…”
Oстанува да видиме на 15-ти јули дали Градскиот часовник викал “АX” и за времето изминато во овие 3 години власт на СДСМ и Талевски, кога се менуваше името на државата, кога се воведи двојазичност и во Прилеп….