За срценцето на Аника нормално да чука! Ајде хумана МАКЕДОНИЈО! Да успееме заедно во оваа битка!

Вентрикуларниот септален дефект е вродена срцева мана каде доаѓа до мешање на крвта во коморите на срцето и симптомите за жал најчесто се појавуваат во почетните месеци од животот што е и случај кај малата Аника.

Бледилото, бавниот раст, лесното заморување, забрзаното дишење се само еден мал дел од симптомите со кои се соочува малата Аника, а за среќа се решливи со оперативен зафат кој родителите на Аника не се во можност да го подмират и истиот треба да се изведе на клиника во Бугарија.

Оваа интервенција гарантира нормализирање на состојбата, целосно стабилизирање на состојбата и нов нормален живот за малата Аника.

Согласно насоките од клиниката во Бугарија за интервенцијата, рехабилитацијата и терапијата потребните средства за лекување на малата Аника се 25000 евра.

Досега се собрани две третини од потребните средства за лекување на 5-месечната Аника. Сите хумани граѓани кои се во можност можат да донираат на следниот ЛИНК преку ecrowd.mk платформата https://ecrowd.mk/projects/5649ca54-f6f5-4f6f-a4aa-9027ee1f4e1a?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR2vz4tzQDfPT02kNbcqtT_seaY0siqWgbGMhXfT-_r5qG9dxlssMTfXTJc_aem_sOBAAfkcSARC2vNTTExYYA

Денеска со емотивно видео се јави и мајката на малото бебенце, која се заблагодари на сите хумани граѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.