Југославија работела на развојот на атомско оружје од завршувањето на Втора светска војна, се до завршувањето на Студената војна и распаѓањето на државата.
Имало заблуди, наивност, дури и претерана самодоверба, но идеата никогаш целосно не била напуштена, открива Марко Миљковиќ прв историчар на југословенските простори кој се занимавал со истражување на југословенската нуклеарна програма и процесот на настанување на атомска бомба во Југославија.
Југославија би произвела атомска бомба доколку Тито не ја стопирал целата операција. Тоа го направил во моментот кога државата имала доволно количество на уран да направи две-три помали бомби и да го започне процесот на производство на нуклеарно оружје. Во тој момент само 11 држави во светот можеле да си го дозволат тоа.
На просторите на поранешна Југославија многу се пишуваше за атомската бомба на Тито и тоа со многу сензационализми но малку вистински информации. Пишувале многу новинари, научници и офицери на југословенската армија.
“Југославија работела на изработка на атомска бомба од крајот на Втора светска војна се до крајот на Студената војна”.
Биле испратени агенти во Америка со куфери полни со пари како би набавиле Гајгер-Милерови бројачи. Кога првите бројачи биле набавени се правеле испитувања на појави на природна радиоактивност на недостапни места во целата држава.
Бомбата била идеа на Тито. Од сенка го следел целиот процес на нејзиното производство. Наводно Крадељ некогаш изјавил :” Мора да имаме атомска бомба па макар тоа да не чини половина од нашиот годишен доход”, што говори за решеноста да се спроведе идеата на дело.
Тешко би било да се замисли дека одлуката за прозиводство на атомска бомба во Југославија би ја донел било кој друг освен Тито. Во држава која тогаш се хранела со бонови, во која владеел глад за време на 50тите години, одлуката да се започне со производство на атомско оружје не била темелена на реалните можности и потреби.