За неа постои само името Република Македонија- кога ќе ги видите нејзините фотографии нема да верувате дека таа е кралица (ФОТО)

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов заедно со својата сопруга викендов беше во посета на Јордан, каде кралското семејство официјално изјави дека за нив постои само едно име на нашата земја- тоа е Република Македонија, а големото внимание предизвикаа и нивните сопруги.

Имено Маја Иванова заедно со кралицата Ранија Ал Абдула ја посетија невладината фондација „Јордан Ривер“ чиј фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и детскиот музеј „Јордан“ кои се формирани од самата кралица.

Кралицата објави фотографија на својот Инстаграм профил на која е многу активна, а од фотографиите може да се забележи дека таа секогаш изгледа „скоцкано од глава до пети“, а луксузот во кој ужива не се срами да го покаже во јавноста, погледнете.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.