За нас вест од друга планета: Министep поднел ocтавка поради тоа што бил на одмop cpeде пандемиja

Род Филипс, министер за финансии на канадската провинција Онтарио, поднел оставка на крајот на декември откако бил на одмор на Карибите пред неколку месеци.

Тој патувањето го нарече патувањето „глупава грешка“ откако пристигнал на аеродромот во Торонто и се извинил на граѓаните што среде пандемија решил да отиде на Карибите додека граѓаните ги почитувале мерките од Ковид-19.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, ја објави оставката на министерот за финансии кој заминал на одмор додека канадската провинција беше под карантин.

По овој случај, Владата на најнаселената провинција во Канада ги обесхрабри граќаните да патуваат во време на пандемија заради високиот број на случаи и кажа да останат дома и да избегнуваат групирања.

Извор: “Експрес.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.