За влез во ЕУ ќе се плаќа по 7 евра

Кога не си дел од друштвото ќе мора да платиш влезница.

Граѓани на земји кои не се дел од ЕУ , ќе плаќаат 7 евра за влез во земјите на Унијата а овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023.

Според Европскиот систем за патни информации и одобрување ЕТИАС жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и оние од Македонија, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини 7 евра.

Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат.

Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.