За власта и 80 пратеници се двотретинско мнозинство за уставни измени, за се останато се 81 пратеник

Двојните аршини на власта за двотретинско мнозинство излегоа на виделина. Пред само три месеци тие бараат промена во изборниот законик со која членовите на ДИК наместо со двотретинско мнозинство од 81 пратеник, да се бираат со апсолутно од 61 пратеник.

Бројката од 81 пратеник за двотретинско мнозинство не важеше во петокот во Собранието, кога се гласаа уставни измени.

Наместо со 81 пратеник, како што е праксата, уставните измени беа донесени со 80 пратеници што беше претставено како двотретинско мнозинство.

Професорката Тања Каракамишева- Јовановска преку Фејсбук потсети дека за промена на Устав, како и за сите системски закони, 2/3 мнозинство секогаш било и ќе биде 81 пратеник.

-Уставот не вели две третини од пратениците, туку 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници. Како што апсолутното мнозинство значи 60+1=61 така и 2/3 или квалификувано мнозинство значи 80+1=81 пратеник. Таа праша дали зошто не успејаа од власта да убедат уште еден пратеник, па одлучија да си играат како мали Ѓокица замишља свет?, напиша Каракамишева-Јовановска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.