Велигденската трпеза неможе да помине без вкусно јагнешко месо. Ви предлагаме фантастичен начин како да го спремите традиционалното јагнешко.
Состојки:
- Јагнешки бут
- Една дланка морска сол
- Лук
- Пет чешниња лук
- Рузмарин
- Бибер
- 200 грама маслиново масло
- два килограми млади компири
Подготовка:
Прво добро измијте го јагнешкото месо, а потоа втријте ја морската сол и бибер, ставете од рузмаринот и замотајте го месото во фолија, а потоа оставете го да отстои во фрижидер неколку часа.
Кога ќе го извадите од фрижидер, прелијте го со маслиново масло и ставете го во тава и во ладна рерна, која потоа треба да ја уклучите на 180 степени. На тој начин јагнешкото ќе се пече побавно и поради тоа ќе биде посочно.
Печете го околу 60 минути, а потоа додадете малку вода и со маша свртете го да се испече рамномерно од сите страни. По 30 минути одново треба да го свртите и да го прелиете со сосот од печењето.
Младите компири кратко обарете ги и ставете ги во тава за печење. Зависи од големината на компирите, но нив ќе треба да ги печете од 25 до 35 минути.
Пред крај на печењето, додајте само ситно сецкан лук. По печењето на месото, ќе бидат потребни околу 15 минути јагнешкото да се опушти за да биде помеко и посочно. Потоа може да се сече. Добар апетит!