Заштитата на животната средина на прво место: Општина Битола нема да организира огномет за Новогодишната ноќ

Преку светлосни ефекти и 3 Д мапинг, Општина Битола, од минатата година, воведе нов начин на одбележување на Дочекот на Новата година, кој предизвика воодушевување кај пубиката и остави убави впечатоци.

Поаѓајќи од минатогодишното искуство, а во насока на почитување на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и еднаква грижа за сите граѓани, општина Битола, нема да организира огномет на Новогодишната ноќ.

„Зимската приказна“, ќе биде збогатена со соодветни содржини, кои без негативни влијанија, на полноќ ќе ја доловат радоста на убавите желби за годината што доаѓа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.