Затишје пред бура во Водовод, откако УО реши да раскрсти со криминалот

Страв и исчекување oд следните чекори на УО владее во ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп.
Сомнежите за огромни криминали потенцирани на неколку пати во колумните на новинарот Зоран Момироски, а и изјавите на новиот претседател на УО, Бошко Талески, предизвикаа очите на прилепската јавност да бидат свртени кон ова јавно претпријатие.

Поништени записници од пописна комисија, барање за комерцијална ревизија, недонесена завршна сметка и сомнеж како се носеле претходните завршни сметки, ги поттикнуваат шпекулациите за проневерените средства.

Несанирани дефекти, раскопани улици, речиси никакви инвестиции во последните години, предизвикаа од најдобро јавно претпријатие во Македонија до 2017., денеска да е фирма која кубури за плата, страда од превработеност и зависи од општинските субвенции.

Дали се’ ова ќе има епилог зависи и од МВР и од oбвинителството, кое треба да му биде од помош на новиот УО во фирмата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.