Во текот на вчерашниот ден, околу 17, часот било пријавено дека истиот ден околу 16.00 часот во кругот на oпштата болница ,,Борка Талески“- Прилеп, двајца полициски службеници со службено возило вршеле спровод на лицата Р.Т. и Р.С. (лица кои се наоѓаат на издржување казна-затвор во Казнено поправната установа-Затвор Прилеп).
Откако Р.Т. и Р.С. завршиле со прегледите во болницата, во моментот кога Р.С. требало да влезе во службеното возило, извадил нож и почнал да замавнува кон полициските службеници и повредил двајца полициски службеници.
Р.Т. и Р.С. се вратени во затворот во Прилеп, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.