Видеото објавено од Сеизмолошката служба на Република Хрватска ги прикажува сите земјотpecи што се случија околу Петриња минатиот понеделник и вторник.
Во описот на видеото се вели дека на 28 декември 2020 година, во 6 часот и 28 минути, се случил силен земјотpec со јачина од 5 степени со епицентарот во близина на Петриња. Истиот ден следеа уште неколку силни земјотpecи, а следниот ден, на 29 декември 2020 година, во 12 часот и 19 минути, областа околу Петриња беше погодена од разорен земјотpec со јачина од 6,2 степени, кој беше проследен со бројни последователни земјотpecи.
Видеото ги прикажува епицентралите на сите анализирани земјотpecи што се случија на 28 и 29 декември. Круговите се пропорционални на јачината на земјотpecoт, а времето е прикажано во времето UTC (координирано универзално време), што е за еден час помалку отколку во Хрватска, објави Сеизмолошката служба на Катедрата за геофизика од Научниот факултет во Загреб.