Заслужуваат ли прилепчани и историјата на клубот вакви понижувања?

Со само 14 фудбалери, од кои најстариот со само 21 година, Победа денеска денеска во рамките на 19. коло во Втората лита, гостуваше во Охрид, а од таму во Прилеп се вратија со 10 гола во мрежата….

Да, за жал добро слушнавте, со 10 ГОЛА во мрежата, ПОБЕДА загуби со 10:0 од Охрид. И не, ова не е срам за младите фудбалери, за децата на Победа кои го “кркаат” овој туѓ срам. Ова е срам на раководството, на локалната самоуправа, можеби на сите нас донекаде како општество…

Црвено-белите со сигурност следната сезона ќе играат во трет ранг на натпреварување. Се наоѓаат на 14. место на табелата со само 11 освоени бода.

Во следното коло Победа на “Гоце Делчев” го пречекува Скопје, па најмалку што можеме да направиме е во голем број на стадион да ги поддржиме овие млади деца.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.