Заслужено, презаслужено! Стоилов избран најдобар спортист на Град Скопје

Денеска во Големата Сала на Советот на Град Скопје се одржа доделување на наградите за Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје.

Прогласувањето беше извршено од Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје.

За најдобар спортист на Скопје за 2019-та беше прогласен Стојанче Стоилов од РК Вардар.

Суфијан Исмаили од боречкиот клуб Лирија беше избран за најдобар тренер додека Бесир Алили беше прогласен за најдобар младинец, а тенисерката Александра Симева за најталентиран младинец.

Ракометарот на Вардар Даинис Криштопанс беше добитник на наградата за најдобар странец кој настапува во екипа од Скопје, а РК Вардар повторно е најдобар клуб во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.