Кире Лазаров полека го комплетира стручниот штаб пред почетокот на Европското првенство.
Како тренер на голманската тројка – Митревски, Томовски и Кизиќ, прилепчанецот Ице Соколески е најновото засилување во стручниот штаб на селекторот Лазаров.
Соколески е добро познат во ракометниот свет како поранешен тренер на РК Прилеп, неговите ангажмани во младинската репрезентација, а во моментов одлично ја врши работата како тренер на голманите и во Еурофарм Пелистер.
Покрај Соколески, дел од стручниот штаб на Лазаров се Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Бранко Ангелов и Билјана Црвенкоска.
Македонија на ЕП ќе биде дел од групата А во Дебрецен и ќе игра против Данска, Црна Гора и Словенија.