Во Тетово на 17 април, во организација на боксерскиот клуб “Шкендија Но Лимит”, ќе се одржи професионална боксерска ревија.
На ревијата ќе се одржат 6 професионални борби од кои две со македонски боксери.
Лулзим Исмаили во супер велтер ќе се бори во 10 рунди против Јасмин Данановиќ од БиХ за Евроазиска титула во верзијата W.B.F.
А Трајче Илиоски во супер велтер категорија, ќе дебитира против Рамиз Џафиќ од БиХ во 4 рунди.
Настанот ќе биде без публика, а ќе биде емитуван на лајф стрим.
– Можам да кажам дека Трајче Илиоски е во одлична форма. Се спремаме веќе 8 месеци со програмски тренинг. Ќе одиме на победа, првата борба во профи рингот е многу битна. Целта ни е Трајче да победи, па потоа ќе размислуваме и за втора борба, истакна Дарко Чатлески, тренер на Трајче Илиоски.