Во Белград во тек е снимањето на новото продолжение од легендарниот серијал “Жикина династија”, во режија на Милан Коњевиќ, а по сценариот на Милена Марковиќ.
Новиот филм ќе се вика “Враќањето на Жикина династија”, а главната улога ќе ја толкува Никола Којо, кој се враќа во ликот на Миша Павловиќ после 30 години. Него му доаѓаат синовите кои долго време не ги видел бидејќи живеат со Наташа во Москва, а кога ќе пристигнат момците, кои патем ги носат имињата на своите дедовци, Жика и Милан, започнува нова луда година, полна со смеа, авантури и семејни вредности.
Од старите ликови се враќаат Весна Чипчиќ како Фрау Елза, како и Владимир Петровиќ кој одново ќе го оживее ликот на Боба.
Филмот се снима на локации во Белград, Панчево и на Златибор. Премиерата се планира за есен 2025година.