Започна светиниколскиот хуманитарен турнир во мал фудбал: Oва се резултатите од првиот натпреварувачки ден

Со натпревар од пионерска категорија вчера претпладне започна светиниколскиот хуманитарен турнир, којшто оваа година има за цел собирање средства за граѓаните од Општина Прилеп со ретки болести, меѓу кои и за оние
со цистична фиброза. Според планот и подготовките на првиот ден од турнирот се одиграа и натпревари за ветерани и сениори, а посетеноста според организаторот „Локален спортски сојуз – Прилеп“, во самиот старт е солидна.

Oва се резултатите од првиот натпреварувачки ден:

СЕНИОРИ
16.00 ч. „Евротип“ – „Газија” 1:4
16.40 ч. „Фенербахче“ – „Валгор Комерц“ 8:0
17.20 ч. „Тризла 2“ – „Братство 07“ 2:2 (0:1) п.
18.00 ч. „Плинови Монт“ – „Хаус Монт“ 0:2

18.40 ч. „Мермерен Комбинат“ – ФК„Црнилиште“ 2:3
19.20 ч. „Кафе Ин“ – „Реалност 06“ 0:0 (3:4) п.
20.00 ч. „Витаминка“ – „Јуниор“ 4:1
20.40 ч. „Реалност 06“ – „Александар Македонски – Џулијано“ 3:1

1 ден – Резултати по групи – ПИОНЕРИ

ПИОНЕРИ генерација 2009 и помлади
10.00 ч.„Пиц.Милано-А.Пандев МБ“–„Автоконтрол“ 1:1 (2:1) п.
ПИОНЕРИ генерација 2005 и 2006

10.40 ч. „Кафе Чао-А.Пандев МБ“ – „Ивовод” 0:1
11.20 ч. „Конфекција Кули“–„Генерација 2006“ 4:1

ВЕТЕРАНИ
15.00 ч. „Ел.Елемент-Пар. Горан“–„ОМР Прилеп“ 2:2 (1:2) пенали

ФОТО: www.prilep.gov.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.