Најголемата воена вежба на НАТО од крајот на Студената војна започна во Норвешка, со замислено сценарио кое вклучува враќање на суверенитетот на оваа скандинавска земја после напад од “фиктивен агресор”.
Русија, која граничи со Норвешка, доби податоци за маневрите и повик да испрати набљудувачи, но Москва и понатаму е незадоволна поради вежбата. Рускиот министер за одбрана предупреди дека Москва би можела да биде приморана да одговори на зголемената активност на НАТО во близина на западната граница.
#NATO Exercise #TridentJuncture kicks off today!
Good luck to all participants! ??
??????????????????????????????????????????????????????????+ ???? pic.twitter.com/hftmO7NAHr
— Oana Lungescu (@NATOpress) October 25, 2018
Маневрите започнаа денеска и во нив учествуваат околу 50.000 војници од сите 29 членки на НАТО, Финска и Шведска.
Исто така вклучени се 65 бродови, 150 авиони и 10.000 борбени возила.
Вежбата се одржува во централна и источна Норвешка, северниот Атлантик и Балтичкото море, а ќе трае до 7 ноември.