Деновиве започнаа активностите за градба на нова канализацона мрежа во населеното место Крушеани со пари добиени од АФПЗРР во кој проект е вклучена изградба и канализациона мрежа во Славеј во вкупна вредност од околу 16.000.000 денари. Со реализацијата на овие проекти ќе се реши долгогодишниот проблем на двете населени места а општината после Кривогаштани ќе има нови две населени места со изградена канализациона мрежа.
Исто така започнаа градежните активности за асфалтирање на улицата ”Капетан Игор Ѓорески” во Обршани со пари обезбедени од светска банка во висина од 12.000.000 денари а покрај оваа улица ќе се асфалтира улицата во Бела Црква што населеното место го поврзува со Воѓани и улица Илинденска во Кривогаштани кои до крајот на летото ќе бидат целосно ставени во употреба.