ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ТРИ УЛИЦИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

32-702x336

Денес започна асфалтирањето на три улици во општина Кривогаштани со што населените места Обршани, Бела Црква, Воѓани и Кривогаштани ќе добијат целосно нови асфалтирани улици, кои досега се наоѓаа во лоша состојба.

11

Општина Кривогаштани преку Светска Банка успеа да обезбеди 12.000.000 денари, со кои средства се ќе се асфалтираат трите улици во должина од 2334 метри, од кои населените места Бела Црква и Воѓани ќе се поврзат со асфалтна улица во должина од 765 метри, додека населените места Обршани и Кривогаштани ќе добијат две улици, во должина од 875 односно 694 метри.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.