“Запејте со Алтернатор” нов музички проект во кој го слушаме прилепчанецот Мартин Стојаноски

Дел од него, срасната за душата, не може без неа , не сака без неа , ете така е Мартин Стојаноски со песната. По сите овие 18 години музичко растење и зреење со песната, Мартин и пред себе и пред публиката потврди дека го одбрал вистинското. Глас кој може да испее се, харизма која се чита од прва, пеач кој преку неговите емоции во интерпретацијата ја буди публиката.

Со два збора кажано комплетен артист. Од 2021 година Мартин е фронтмен и вокал на битолската група “Алтернатор”. Заедно снимија неколку убави авторски песни кои имаат чиста македонска боја.

Деновиве на публиката и подарија и нов видео проект, со кој ја канат да запее со нив. “Запејте со Алтернатор” така ги потпишаа тринаесетте песни кои имаат уникатна емоција идентификувана преку вокалот и енергијата на Мартин кој ја води групата, но и секој што ќе го слушне или види.

Внимателно одбрани песни кои немаат рок на траење, едноставно речено песни ” вековиште”. Снимени во пријатен амбиент, максимално спонтано, убаво, искрено. Песни кои сите ги знаеме наизуст, кој Мартин и “Алтернатор” ги раскажаа по свое. Гледајќи го видеото кое трае 30 минути , изведбата на Мартин ќе ве наврати во некое време, на некои места, а песните ќе ви ги претвори во некои драги луѓе. Отпеано со ќеиф и љубов, тоа најдобро го препознава публиката. Група” Алтернатор” годинава слави и убав јубилеј 30 години живот. Честитки за се.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.