Запален автомобилот на Хари Локвенец !

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен синоќа во 23.05 часот во СВР-Битола.

Пратеникот Локвенец пријавил дека околу 23 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „мини купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.