ЗАПАДОТ припрема нереди во Република Српска

Tan2014-2-7_16112603_2-670x446

Премиерот на Србија Александар Вучиќ упати денеска апел до граѓаните, но пред се до политичарите на Република Српска, да го зачуваат мирот и да се тргнат од било какви судири, со оглед на тоа дека безбедносните служби на Србија дошле до податоци за можни нереди во Бања Лука, за време на најавениот протест во сабота – пренесува intermagazin.rs

“Би било опасно политичките протести во Бања Лука да прераснат во нешто друго, што може да го предизвикаат одредени групи на кои државните структури немаат влијание”, рекол Вучиќ на вонредната пресконференција за мадиуми во Владата на Србија.“ Ги замолувам сите претставници на политичкиот живот во Република Српска да со полна одговорност ја согледаат иднината на земјата, и да добро согледаат дека со било какви немири и физички судири, би го довеле во прашање опстанокот на РС, но и Србија така би била доведена во тешка ситуација”, додал премиерот.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.