На мечот меѓу Романија и Холандија во СЦ „Борис Трајковски“ имаше непријатна ситуација, која можеше да има сеериозни последици. Романскиот гол беше празен, една од холандскитее репрезентативки шутираше, а голманката Јулија Думанска се обиде во трк да спречи гол.
При тој обид во полн налет се „заби“ во стативата на голот. Цела сала занеме, а лекарската екипа интервенираше неколку минути.
Думанска го напушти теренот во солзи и не се врати до крајот на мечот. Сепак според последните информации, романската репрезентативка ќе го продолжи престојот во Скопје бидејќи не заработила сериозна повреда, а дали ќе биде во состојба да брани против Франција и Македонија останува да видиме…