Дел од прилепските пензионери денеска од центарот на Прилеп повикаа да се гласа во недела на претседателските избори.
После изјавата која ќе ја проследите во продолжение, коментарите на социјалните мрежи беа дека оваа група на пензионери поради политички инструкции ги пречутија главните теми кои ги тиштат сите останати пензионери во Прилеп.
Особено гласни се коментарите за намалените пензии кои поради промената на законот за пензии сега ќе растат само кога ќе има пораст на трошоците за живот, а не како претходно кога пензиите растеа и кога постоеше раст на платите.
Во Прилеп има над 12.000 пензионери, а изминатиов период овие луѓе се особено погодени од покачените сметки за вода кои скокнаа за околу 60%.