Закажани изборите за гpaдоначалник на Штип: Еве кога ќе се одржат

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на прес-конференција истакна дека според Државната изборна комисија локалните избори за нов градоначалник на Штип би требало да се одржуваат некаде на 13 декември – првиот круг и на вториот круг на 27 декември.

Тој се надева дека на ист ден треба да се одржуваат избори и во Општина Пласница поради испрaзнето градоначалничко место.

Согласно законските рокови ја информиравме Владата и дадовме една предлог-одлука за констатирање на престан на мандатот на Благој Бочварски којшто стана министер за транспорт и врски. Владата го разгледала нашето барање и ја прифати одлуката и претпоставувам дека денеска ќе се најде и во рацете на Талат Џафери, кој единствено е надлежен да ги распише изборите во Штип, вели Милевски.

Министерот соопшти дека, според ДИК и согласно законските рокови, тоа би значело изборите да се одржуваат некаде на 13 декември – првиот круг, и на 27 декември – вториот круг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.