Заев со непpиcтoeн и навpeдлив гecт кон Мицкоски од Прилеп (Видео)

Со говор на телото кој содржи навpeда, лидерот на СДСМ денеска од Прилеп му порача на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека не може да дојде на власт.

Зборувајќи за тоа што го има направено, а кое што освен Мицкоски според него го признава цел свет, Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека се лаже ако мисли дека во април ќе дојде на власт.

Притоа премиерот ја употреби српската фраза „Мало сутра“ која што ја употреби Слободан Милошевиќ во 1991 година кога негираше дека може да дојде до распад на Југославија.

Употреба на навреди кон политичкиот противник најчесто значи обид на политичари со понизок рејтинг кои имаат слаби аргументи да предизвикаат слични реакции од ривалите со цел да се измести реалната политичка дебата.

Гестот на Заев е на почетокот на 30-та минута од видеото:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.