Премиерот Зоран Заев преку „Фејсбук“ најави големи инвестиции во инфраструктурата, земјоделието, енергетика.
Според Заев, следува инвестициски циклус од околу 5 милијарди евра и тоа:
1 милијарда во патишта, 1 милијарда во железница, 1 милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки…
Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат!, порача Заев на „Фејсбук“.