Во време кога во државата се случува аферата „Рекет“, довербата кон Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е целосно разнишана, а од вторник Основното јавно обвинителство ги повикува како сведоци обвинителките од СЈО Лиле Стефанова, а потоа и Катица Јанева, премиерот Зоран Заев на фејсбук објавува статус дека Северна Македонија е убаво место за живеење.
Статусот на Заев, чие име се спомнува во аудио и видео снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла верита“ го објавувавме во целост.
“Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите.
Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот проток на луѓе, стоки и услуги.
Гасификацијата е еден од највредните проекти за граѓаните и компаниите на нашата земја. Изградени се 216 км гасовод ширум државата.
Фокусирани сме на изградба на водоводи и канализации заради подобрување на животот на граѓаните. Досега изградени се над 30 км водовод за 310.000 жители и 37 км канализација за 22.500 жители.
Заедно ја градиме Северна Македонија. Ја правиме убаво место за живеење. Градиме по план!”