На првиот Комитет на постојани претставници во Советот на Европска Унија (КОРЕПЕР), денеска Македонија беше блокирана од Бугарија.
Ова го кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по вршењето на увид на гасоводот на кракот Скопје – Тетово – Гостивар, според кој ова е прва блокада од источниот сосед.
„ Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој Членот 2 од договорот, ние ништо до сега не прекршиме. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија првиот чекор е блокиран.
Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не’ поддржува кон патот за интеграција. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“, стои во челнот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија.
Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија“, изјави Заев.