Помошта на Србија за дел од вакцините на “Фајзер” ќе ги сплоти народите и ќе ја зајакне врската помеѓу Македонија и нашиот северен сосед – истакна на денешната прес конференција премиерот Зоран Заев.
Запрашан дали се уште мисли дека Александар Вучиќ е националист, премиерот на Македонија истакна дека никогаш не рекол такво нешт
„Не сум рекол никогаш дека Вучиќ е националист. Тие ни се пријатели, покажаа солидарност и со тоа се дојде до зајакнување пријателската врска помеѓу двата народи. Ние сме братски народ, треба да си помагаме и подадената рака од Србија многу ни значи“, истакна Заев.
Прашањето му го постави новинарот на “АЛФА ТВ”, Maтеја Петровски.