Заев: Идната година откази за вишокот административци?!

Премиерот Зоран Заев на вчерашната расправа за предлог буџетот за 2019 пред бизнисмените нод Стопанската комора кажа дека вишокот од јавната администрација ќе биде отпуштен и со преквалификација понуден на приватните компании.

Ќе се чека скринингот и отворањето на поглавјата за преговори со ЕУ каде што се бараат реформи и во администрацијата.

Повисоките плати од 5 отсто за идниот септември е планиранo да се случат откако ќе се знаат резултатите од контролите на реформата.

-На дел од административците ќе им се заблагодариме, ќе им понудиме преквалификација преку програмите на Агенцијата за вработување и ќе ги понудиме на приватните компании.

Тие ќе треба да им обезбедат соодветна обука, а ние сме подготвени од шест месеци до една година да им обезбдеиме плати додека трае обуката. Вие ќе треба да им гарантирате дека по завршување на обуката ќе ги вработите – им се обрати Заев на бизнисмените.

Извор: “Пресс24”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.