Вчера вечер, во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ вo Прилеп се одржа концерт на пијано на кој се претставија учениците од класата на проф. Христина Никоска од ООМУ „Ордан Михајлоски – Oцка“.
На пијано настапија: Лена Калеска, Стефанија Котеска, Катерина Николоска, Матеја Блажеска, Климент Тавчиоски, Елена Дамеска, Марија Котеска, Давид Аљакоски, Исидора Ангелеска, Емануел Петрески, Михаела Ристеска, Марија Котеска и Арсениј Ангелески, кои изведоа композиции од: П. И. Чајковски, В. А. Моцарт, Л. В. Бетовен, Т. Зографски, Ф. Бургмилер, Џ. Филд, А. Качатуријан и др.
[Best_Wordpress_Gallery id=”353″ gal_title=”KulturnoLetoKraj”]
Настанот е во рамките на манифестацијата Прилепското културно лето, што ја организира ЦК „Марко Цепенков“ која завршува со овој концерт.