Жртва на ceмejно нacилcтво, децата била пpиморана да ги остави во дом, сега живee со 5.000 ден. во Прилеп (Видео)

Ружица Цветковска поради лошиот избор на животен сопатник ќе има многу нecpeќен живот. Потекнува од Росоман, а, родената мајка принудно ја мажи на 14 години, кога и самата е се уште дете и неподготвена за семеен живот. На првиот сопруг му раѓа три деца, a после 7 години брак тој ја заменува за друга и и’ ги одзема децата.

По вторпат се мажи во село Кошино каде доживува уште поголем кошмар. Иако уште првата година доживува семејно насилство, сепак таа му раѓа деца и на него.

Од четири деца, живи ќе и останат само две, момче и девојче. Во лош амбиент, тепани и гладни ги минуваат првите години од животот, избркани на улица, спиеле под отворено и на топло и на ладно. И вториот сопруг ја остава оваа жена, која ќе рече откако останав сама ми е многу полесно, но немав услови да ги гледам децата, и кога ќерката имала 3, а синот 9 години се случува најлошиот ден во нејзиниот живот.

Мора да им каже збогум и да ги остави во Дом за сираци во Скопје. Таа работи за да собере пари и да ги посети макар еднаш месечно, а децата растат со болка во срцето и сонуваат дека еден ден пак ќе бидат семејство. Денес децата се возрасни и семејно реализирани, а Ружица има 50 години и се уште живее тежок живот под кирија во куќа во која од сите страни тече и дува.

Зема само 4.990 денари, останува гладна и по 3-4 дена, се грее на прачки и хартија. Свесна е за гневот што нејзините деца го чувствуваат за неа, но живее со надежта дека барем еден ден ќе се разбуди среќна во своја соба и дека еднаш барем ќе и тргне во животот.

Во домот каде живее под кирија ја посетија од емисијата “Срце на дланка”, a Ружица пред камерата побара од хумани граѓани да и’ помогнат колку можат.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

Емисијата се емитува секоја НЕДЕЛА од 15:45 часот на Алфа ТВ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.