Жорже Мендеш во Јувентус ја носи една од најдобрите “десетки” на денешницата (ВИДЕО)

Не така одамна Јувентус своите засилувања ги носеше од противничките клубови, а денеска благодарение на добрата и трпелива трансфер политика, ја слабее директната конкуренција како во Италија, така и во Европа.

Огромен дел од заслугите му припаѓаат на Фабио Паратичи, кој во меѓувреме се спријатели со Жорже Мендеш, највлијателниот менаџер во денешно време.

Кристијано Роналдо, е најзвучното име кое Мендеш го застапува, изминатото лето пристигна во Торино, а според пишувањата на “Билд” и шпанските медиуми, се очекува и Хамес Родригез.

Одличниот Колумбиец е можеби најдобрата “десетка” на денешницата и сигурно ќе претставува одлично засилување за Бјанконерите.

Старата дама за Хамес, кој моментално настапува за Бајерн Минхен, е подготвена да издвои 60 милиони евра.

Баварците имаат право на откуп, меѓутоа се чини дека Мендеш за фудбалерот има други планови.

Инаку, Хамес синоќа уште еднаш покажа за каков фудбалски мајстор се работи.

Колумбија со 2:4 ја совлада САД, а голот за паметење го постигна токму Хамес Родригез во 36-та минута од натпреварот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.