Во пресрет на локалните избори кои треба да се случат во недела, се чини дека во Штип нема ниту потреба од трошоци, таму Иван Јорданов веќе убаво си ја завршил работа. И не е важно од која партија доаѓа, веројатно на 99% од штипјани тоа воопшто ништо нема да им промени, имајќи во предвид што се’ е направено во центарот на Истокот во изминатите 4 години.
Еден поглед на Фејсбук страната на Јорданов и ќе се запрашате: “Живееме ли во иста држава со штипјани? Може ли вака и кај нас?”.
Да, сигурно може, може само ако чесни и честити луѓе ги водат институциите, ако парите на граѓаните се трошат домаќински, ако се води “есап”.
Во изминатите десетина дена, младиот градоначалник на Штип презентираше дел од реализираните проекти, и не, не е само она што сте навикнале да гледате пред избори, асфалтирање и бележење на улици. Штип се развива на сите полиња, инфраструктурно, на културен и спортски план, се градат нови објекти, се уредува секое ќоше….
Градот доби нов булевар, кружни текови, нови раскрсници, детски и спортски игралишта во секоја населба, затворен базен, нов пазар…да не зборуваме за посетеноста и бројноста на културните манифестации, концерти, разни натпревари….
Денеска Штип ќе добие и ДИНО ПАРК, да добро слушнавте, тоа ќе биде уште една голема атракција во градот под Исарот, содржина на која ќе се радуваат сите и ќе доаѓаат и од другите градови да ја погледнат.
Гледајќи ги содржините и начинот на кој се развива нашиот центар на Истокот, ни останува само да си посакаме ваков градоначалник во најголем дел од општините во Македонија. Секоја чест за Јорданов, доказ дека младоста не е хендикеп за големи резултати.