Жива срамота сме! Вардар ќе го гледаат во Ангола, Мадагаскар, Мозамбик…, но не и во Македонија – кај нас пренос нема!

ЕХФ завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн привлекува големо вниманиe ширум светот. Оваа година не само Европа, туку и во Африка ќе можат да се проследат најинтересните моменти од полуфиналните и финалните натпревари во Келн, каде е и нашиот РК Вардар.

ТВ преноси од Келн ќе одат во повеќе од 115 земји меѓу кои и Мадагаскар, Капе Верде, Италија, Русија, но не и во Македонија!

Во нашата земја само одреден дел на навивачи ќе можат да го проследат завршниот турнир од Келн на ТВ, останатите за жал ќе мораат натпреварите да ги следат низ видео стримови.

Фото, во кои се земји ќе го гледаат нашиот Вардар во сабота и недела:

Извор: “Vardarfans.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.