Во 15 часот и 35 минути во Полицијата во Гевгелија, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека на улицата „Илија Мијов“ во Гевгелија, каде биле на повик за медицинска интервенција, пронашле починато повозрасно женско лице со видливи рани во пределот на телото. Од извршениот увид на местото на настанот било констатирано дека почината е 84-годишната Т.В. која имала видливи рани и во пределот на рацете, нозете и лицето, најверојатно од гризење од непознат глодар.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција и утврдување на причините за смртта.