Жал ми е – cледен пат милијарда пати ќе paзмиcлам пред да бидам дел од peволyциja

Жал ми е – следен пат милијарда пати ќе размислам пред да бидам дел од револyциja напиша на Твитер, Инес Ефремова која успешен ликовен уметник.

Таа има дипломирано на Ликовниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј на отсекот за ликовна педагогија.

Таа јавно се покаја за нејзиниот придонес во шарената револуција потенцирајќи дека кога учествувала во истата не сакала да констатира дека станува збор за уште една обоена револуција преку која САД и пријателите „рушат режими“, а резултато е секогаш ист промена на власт по што државата тоне во хаос.

-Ова е нишка за нешто што веќе извесно време ми тежи на душа.

Цел век, САД и пријателите го кројат светот преку „рушење режими“. Почнувајќи од Ходурас (од каде и потекнува терминот banana state), до египетски, украински и сл. пролетти.

Нивниот резултат е секогаш ист – организирана промена на власт после која државата е оставена да тоне во хаос.

Го знаев тоа, ама не сакав да го видам кога се вплеткав во „Шарената револуција“. Сега ми е кристално јасно дека бевме марионети во идентичен проект.

Странските учесници се повлекоа, а ние останавме со замрзнат конфликт и поголема беда поради локалните профитери. Инаку, само ментално ограничен човек ова може да го контра-аргументира со „шо, дпмне да не требаше да ги оставиме“.

Јас всушност немам што мудро да поентирам. Освен да кажам дека ми е жал. И дека следен пат милијарда пати ќе размислам пред да бидам дел од „револуции“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.