Професионални возачи од Македонија се заглавени на италијанско-словенската граница и не можат да си дојдат дома.
“Ние сме професионални возачи од Македонија за кои пишуваат на интернет дека веќе се пристигнати во Македонија. Ние сме 31 камион и моментално сме заглавени на италијанско-словенската граница. Сите други колеги од другите држави, Срби, Босанси, Романци… сите имаат испратено допис од министерство до Словенците и ги пуштаат камионите да си одат дома. Само македонското, или северномакедонското министерство ги заборавиле своите 31 возач во Италија и нема кој да пушти допис за и ние да си одиме дома”, велат нашите возачи преку видео на социјалните мрежи.