Интегрален текст од фејсбук статусот на ВМРО-ДПМНЕ од Струга
Почитувани,
За жал, во текот на денешниот ден продолжува срамот кој што се случуваше вчера, кога градоначалникот на град Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициони партнери од СДСМ го накитија градот само со албански знамиња во чест на утрешниот празник, Денот на независноста на Албанија ( Ден на албанското знаме), кој патем не е државен празник во Република Македонија.
Имено, денес во холот на СОУ ,,Нико Нестор” – Струга беше поставено албанско знаме од енормни размери, нормално со дозвола на директорот, господинот Миле Попоски, кадар на СДСМ.
Слични случувања, вмешување на ученици и деца во политички и партиски интереси има и во други училишта и градинки низ општината.
Жално и срамно е да се уништува детството и од најрана возраст да се создаваат меѓуетнички тензии и раздор кај најмладите на национална и верска основа.
Би сакале да го запрашаме господинот Миле Попоски со која цел, па и со каков образ донел ваква срамна одлука, притоа не запазувајќи и грубо кршејќи го Законот за употреба на знамињата, со кој сите сме свесни дека треба да биде поставено и македонското знаме покрај албанското, но се разбира никако во тие размери и димензии. Иако, ќе повториме, дека не се празнува државен празник на Република Македонија, туку празник на друга држава. Ова претставува разнебитување и раскол на образовниот процес и уништување на фундаменталната функција на образованието, па затоа бараме одговорност за оваа непромислена постапка на директорот.
И за крај, господа од актуелната владина коалиција, на овој начин ли ќе градиме соживот во Струга?
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК – Струга