Жабиномаалци ги канат сите верници заеднички да го одбежат заштитникот на Прилеп, Св. Никола пред параклисот во нивната населба

По повод патрониот празник и заштитник на Прилеп, Св. Никола Чудотворед, жителите од прилепската населба “Жабино Маало”, и оваа година ги покануваат сите верници, во недела на 18.12.2022, со почеток од 12 часот, да присуствуваат на водоосветувањето и прережувањето на славскиот колач пред параклисот посветен на Св. Никола кој се наоѓа во оваа населба.

Домаќини оваа година се Ракометниот клуб Прилеп, а за сите присутни ќе има и пригодна музичка програма од страна на Оливер Лозаноски и неговиот бенд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.