Ефтов во интервју за “Лидер”: Некој ги излага Меркел, Пенс и сите останати, тие не дојдоа да бидат понижени, туку да бидат победници”

Владата ја донесе најмоќната жена, или најмоќната политичка фигура во Европа, да дојде пред референдумот во Македонија, да агитира за референдумот и на тој референдум да има 666 000 гласови.

Ова не е понижување за Зоран Заев. Зоран Заев е понижен на референдумот, меѓутоа ова е стравично понижување за меѓународната заедница, вели Васко Ефтов во интервјуто за “Лидер”.

-Тоа понижување меѓународната заедница можеби нема да може да им го прости на ВМРО-ДПМНЕ, но многу попвеќе нема да може да му го прости на Зоран Заев и на својата дипломатска структура во Македонија.

Ако вие најмoќната жена во Европа, ја донесeте во Македонија, тоа значи дека вие неа и гарантирате дека референдумот ќе биде усшешен.

Бидејќи референдумот е неуспешен тоа значи дека Ангела Меркел добила погрешни проценки, анализи и убедување од Република Македонија.

Тие погрешни анализи и проценки може да и ги даде и амбасадата на Германија во Македонија, или да и ги даде Владата.

Но, кој и да ги има дадено некој ја има излажано Ангела Меркел. Ја има излажано целата таа меѓународна структура која дојде во Македонија, а го има и излажано и потпретседателот на САД кој дојде во Македонија, господинот Пенс.

Тие не дојдоа во Македонија за да бидат понижени, тие дојдоа за да бидат победници. Значи некој ним им гарантираше дека излезноста ќе биде 50+1 и дека референдумот ќе биде успешен, но тоа не се случи, вели Ефтов.

Целото интервју на Васко Ефтов за порталот “Лидер”, погледнете го ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.